На 90-годишна возраст почина актерот Шон Конери, објави Би-би-си. Шкотскиот актер беше најпознат по улогата на Џејмс Бонд, и токму тој, според многумина, најдобро го отелотвори најпознатиот филмски шпион.
Но, покрај Бонд, тој има направено и голем број филмски класици како „Лов на црвениот октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и многу други.
Во својата долга кариера има освоено еден Оскар, две Бафта награди и три Златни глобуси.
Прочитај повеќе Почина актерската легенда Шон Конери at Скопје1.мк.
Source: New feed
