#ТРЕНД

Почина Берта од „Два и пол мажи“

Објавено на

Американската телевизиска актерка Кончата Ферел, која својата најпозната улога ја имаше во популарната серија „Два и пол мажи,“ почина во Калифорнија на 77 години, објавија американските медиуми.

Улогата на Берта, духовитата и саркастична домашна помошничка на богатиот боем Чарли Харпер, ликот што го играше Чарли Шин во „Два и пол мажи“, ја прослави Ферел, а Берта според многумина е најдобриот спореден лик во историјата на американските ситкоми.

„Плачам за жената што ќе ми недостига и за радоста што им ја носеше на многумина. Едно тотално срце, врвен професионалец, вистински пријател. Берта, твојата грижа за домот беше малку сомнителна, ама твојата способност да се грижиш за луѓето беше совршена,“ напиша Чарли Шин на Твитер во својата реакција на тажната вест.

Трендинг

Exit mobile version