Почина познатиот српски фолкер Џеј Рамадановски на 56.годишна возраст, јавуваат српските медиуми, меѓу кои и „Пинк.рс“. Според тамошните медиуми, Рамадановски имал здравствени проблеми, а починал поради срцеви слабости.
Пејачот во недамнешно интервју изјави дека поради коморбидитетите кои ги има, тој е во строг карантин, а коронавирусот, може да биде фатален за него.
Рамадановски својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија. Прв забележителен настап има на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 година кога го освојува второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката. Врвот на популарноста го достигнува во почетокот на 90-тите години кога ги снима своите најпопуларни албуми, истовремено со контронтроверзни националистични текстови за време на војната во поранешна Југославија.
Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија.
