Медиасет.мк

#КИНО

Подгответе се: „Луцифер“ се враќа со петтото продолжение, познат е и датумот

Петтото продолжение на хит-серијата „Луцифер“ ќе почне да се емитува на “Нетфликс“ на 16 јуни.

Луцифер остана во живот благодарение на „Нетфликс“. Стриминг-платформата успеа да ја преземе серијата од „Фокс“ кој ја откажа по три сезони минатата година. Обновата се случи по масовната кампања на фановите за да се спаси нивната омилена серија.

Реакцијата за четвртата сезона беше огромна. Луцифер 4 ги сруши рекордите на гледаност. За помалку од два месеци откако почна да се емитува на Нетфликс (во мај 2019), серијата се покажа како најпопуларна меѓу гледачите.

„Луцифер“ со недели го држеше првото место на листата серии што биле одеднаш изгледани на популарната стриминг платформа.

Натприродниот Луцифер, ѓавол и детектив, го надмина Game of Thrones („Игра на тронови“) на Ејч-би-оу, рушејќи го нивниот рекорд на сите времиња.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: