Медиасет.мк

#ФОКУС

Полицијата го приведе: Мажот кој се закануваше дека ќе силува малолетнички има 59 години

Приведен мажот кој им се закануваше на малолетнички дека ќе ги силува, и им праќаше еротски фотографии од половиот орган. Станува за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе,  извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с.Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР за „А1он“

Трендинг

На почеток
error: