#КИНО

Поради пандемијата „Дизни“ откажа две големи кинопремиери

Објавено на

Поради корона-пандемијата, „Дизни“ ги откажа киноприкажувањата на акционата комедија „Free Guy“ (Слободно момче) со Рајан Рејнолдс, и на „Death on the Nile“ (Смрт на Нил) со Кенет Брана.

Двата филма требаше да излезат в декември. Нема нови датуми за премиерите.

Новиот филм на Брана како режисер и во главната улога како Херкул Поаро, е продолжение на криминалистичката мистерија „Убиството на Ориент експрес“ од 2017 година.

Прикажувањето на продолжението на „Жената чудо“ (Wonder Woman 1984), исто така во продукција „Дизни“, засега не е откажано. Датумот е – 25 декември 2020 година.

Трендинг

Exit mobile version