Медиасет.мк

#ОХРИД

Порака на Русија до ОН: „Тоа ќе ги искомплицира работите“


Усвојувањето на резолуцијата на западните земји за Украина во Генералното собрание на ОН ќе го отежни решавањето на украинската криза.

Тоа на вонредната специјална седница го изјави постојаниот претставник на Русија, Василиј Небензја. Тој документот го нарече антируски.

Според дипломатот, усвојувањето на резолуцијата ќе го отежне решавањето на ситуацијата во Украина.

Според него, документот ќе ги „охрабри украинските преговарачи да ги задржат денешните нереални позиции, кои не соодветствуваат со ситуацијата на теренот, ниту со потребата да се елиминираат причините поради кои Русија беше принудена да започне специјална воена операција во Украина.

РИА Новости забележува дека голем број западни земји, вклучувајќи ги САД, Украина, Велика Британија, Грузија, Германија, Литванија и Летонија, подготвиле хуманитарна нацрт-резолуција за Украина.

Документот содржи и политички јазик, нагласува агенцијата.

Трендинг

На почеток
error: