#ТРЕНД
Поранешната девојка на тенисерот Зверев: Ме тепаше и понижуваше
Поранешната девојка на германската тениска ѕвезда Александар Зверев ,Оља Шарипова (23), која минатата недела го обвини за семејно насилство, продолжува да дава шокантни тврдења за нивната врска.
Во интервју за тенискиот новинар Бен Ротенберг, 23-годишната девојка изјави дека постојаните расправии биле неизоставен дел од нивната врска, а според неа, некои од нив се претвориле во вистински конфликти.
Шарипова повтори дека Зверев физички ја малтретирал и покрај неговата официјална изјава во која тој ги нарече обвинувањата „неосновани и невистинити“.
„Прв пат бев во Монако во неговиот стан“, рече таа. „Сакав да заминам затоа што навистина се скаравме. Стоев во ходникот, а тој ми ја удри главата во ѕидот “, рече Шарипова.
“Тој рече дека не го сторил тоа, дека никогаш не го сторил тоа. Јас само реков:” Што? Јас сум на подот, за што зборуваш? Дали сум луда или што? Тоа беше првата ситуација. ” додаде таа.
Според Шарипова, нивната 13-месечна врска била токсична, комбинација на физичко насилство и емоционална злоупотреба.
Таа исто така вели дека тенисерот постојано ја понижувал и дека тој секогаш сакал да ја покаже својата супериорност. “Беше навистина тешко. Тој беше прилично токсичен, ми кажуваше страшни работи од типот: Ти си никој. Не си заработила ништо во твојот живот. Јас сум успешна личност, заработувам пари, но ти си никој”.
“Немав време да живеам. Една од најголемите причини за нашите расправии беше што не му го давав цело внимание што го сакаше”, додаде таа.
Шарипова додаде дека не планира да бара никаква кривична или граѓанска правда, туку едноставно сака да ја „каже вистината“ за Зверев, кој ги негира сите обвинувања на неговата поранешна партнерка.
Во меѓувреме, седмиот тенисер во светот потврди дека ќе стане татко со друга поранешна партнерка, германската манекенка Бренда Пајт, која неодамна изјави дека не и паѓа на памет да го дели старателството со него.