#ТРЕНД

Поранешниот сопруг на Емина две години не плаќа алиментација за децата

Објавено на

Пејачката Емина Јаховиќ, која пред три години се разведе од Мустафа Сандал, во интервју за турските медиуми откри дека повеќе од две години се обидува да го убеди дека треба да плаќа алиментација за своите деца, но тој не ѝ дава пари.

„Се разведов од Мустафа во 2018 година, а потоа потпишавме договор пред судот, во кој прифаќаме заеднички обврски, вклучувајќи здравствено осигурување и алиментација за нашите деца. Сепак, набргу по разводот, сите обврски паднаа на мене“, рекла Емина.

„Требаше да купи куќа во Белград, но и тоа не го стори. Имавме и договор за покривање на приватното здравствено осигурување на нашите деца и плаќање на трошоците за нивните патувања и летни одмори. Тој не исполни ништо од тоа. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека нивното осигурување не е платено. Иако е наведено како негова обврска во нашиот договор за развод, Мустафа не ја плати ниту киријата, а не му даде ни плата на мојот возач. Јас не сум личност што би го нападнала Мустафа поради љубомора или опсесија. Напротив, бидејќи тој е татко на моите деца, јас сум свесна дека нашата врска ќе мора да трае вечно“, изјави пејачката за турските медиуми и додава дека не сака да страда додека таткото на нејзините деца ги игнорира должностите.

„Поминаа 32 месеца од разводот, а тој не плаќа алиментација веќе 26 месеци“, вели Емина.

Трендинг

Exit mobile version