#ТРЕНД
Поранешното момче ѝ фрли киселина во лицето, а по три години таа храбро застана на црвениот тепих во Венеција
Поранешната италијанска мисица и манекенка Џесика Нотаро, чие поранешно момче и го уништи лицето со киселина пред три години, привлече внимание во петокот на Филмскиот фестивал во Венеција.
Нотаро на црвениот тепих привлече внимание во златен фустан, а едното око и беше покриено со превез. Џесика некогаш беше успешна манекенка која се најде во финалето на изборот за Мис на Италија во 2007 година.
Таа го запознала телохранителот Хорхе Едсон Таварес, со кого била во врска три години, додека работеле заедно во емисија со животни во аквариум во нејзиниот роден град Римини, и раскинале во август 2016 година.
Но, на 10 јануари 2017 година, Таварес ја поздравил пред нејзиниот дом и и фрлил киселина во лицето, изобличувајќи и го лицето со лузни и трајно и го уништил видот. Џесика подоцна изјави дека Таварес бил опсесивен од самиот почеток, ја следел и имал изливи на љубомора, а два часа пред нападот ја повикал нејзината мајка за да открие каде се наоѓа.
По нападот, таа поминала два месеци во строга изолација, каде што можела да разговара со посетителите преку стаклен ѕид за време на третманот.
Според Би-Би-Си, на крајот на 2018 година, Таварес е осуден на 15 години затвор.
Во меѓувреме, Џесика била подложена на реконструктивна операција, а судејќи според објавите на Инстаграм, таа има и ново момче. Во Италија стана еден вид симбол во борбата против насилството врз жените.
epa08657246 Italian former Miss Italy finalist and acid attack victim Gessica Notaro arrives for the premiere of ‘Le sorelle Macaluso’ during the 77th annual Venice International Film Festival, in Venice, Italy, 09 September 2020. The movie is presented in the Official Competition ‘Venezia77’ at the festival running from 02 September to 12 September.The event is the first major in-person film fest to be held in the wake of the Covid-19 coronavirus pandemic. Attendees have to follow strict safety measures like mandatory face masks indoors, temperature scanners, and socially distanced screenings to reduce the risk of infection. The public is barred from the red carpet, and big stars are expected to be largely absent this year. EPA-EFE/ETTORE FERRARI