Непосредно пред да почине, Диего Армандо Марадона имаше операција на хематом на мозокот, по што била направена неговата последна јавна фотографија.
Тој е во друштво на Леополд Лук, лекарот кој го оперираше и се фотографираше со него, а сега се појави и последното видео од Марадона.
Снимката ја направил еден од соседите, откако Марадона бил пуштен од болница на домашно лекување. На видеото јасно се гледа момче кое му се обраќа на Диего, кој иако има потешкотии во движењето, застана и го поздрави момчето.
Марадона беше пуштен од болница на 12 ноември и беше во фаза на рехабилитација, но почина во средата од акутен белодробен едем предизвикан од слаба функција на срцето. Тој беше погребан во присуство на роднини и најблиски пријатели, со само 200 лица на церемонијата.