Connect with us

Hi, what are you looking for?

АКТУЕЛНО

Пост Малоун се закити со девет награди „Билборд“

Раперот Пост Малоун е големиот победник на музичките награди „Билборд“ во 2020 година (Billboard Music Awards). Toj си замина со вкупно девет награди, меѓу кои и онаа за најдобар уметник.

Осум негови трофеи беа доставени во количка од водителката Кели Кларксон, која ја турна кон него во ковид-стил.

„Не можам да те допрам, па морам да ти ги донесам на тркала“, се пошегува пејачката.

Остин Ричард Пост, алијас Пост Малоун, ги собра и трофеите за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач и други.

„Почестен сум од вашата љубов тука вечерва“, рече тој прифаќајќи ја главната награда.

Тричасовната церемонија, која првично беше закажана за април, се одржа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Многу изведувачи настапија лично, но немаше публика во живо.

Поради доцнењето, шоуто главно славеше хитови од минатата година, со тоа што Лил Нас Икс однесе четири награди за својот хит-сингл Old Town Road.

error: