#ФОКУС

Поставил големи кадифени мечиња на масите во ресторанот, за да не бидат празни

Објавено на

За да ја направи пријатна атмосферата во ресторанот, еден германскиот угостител поставил големи кадифени мечиња на масите, кои треба да бидат празни поради физичката дистанца.

Кадифените животни изгледаат многу попријателски отколку предупредувачките ленти или преградите од плексиглас, рече Муса Гезер, сопственик на ресторанот Beef’n’ Beer во Хофхајм, во западниот дел на земјата.

„Гостите го примија тоа многу, многу добро“, рече тој. „Насмевката им е загарантирана“.

Фотографиите од големи мечки на масите ги преплавија социјалните мрежи.

„Одлична идеја“, „Генијално“, „Ова сигурно ќе ме развесели“, се само некои од коментарите на корисниците на интернет.

Германските ресторани полека почнуваат да работат откога со недели беа затворени поради пандемијата.

Засега отворањата се спорадични поради правилата кои бараат физичка дистанца меѓу гостите, но и поради нивниот страв затоа што вирусот сè уште циркулира.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version