Медиасет.мк

#ФОКУС

Потресна приказна: Пациентка повеќе од три месеци се бори со коронавирусот

Ен Валас е Американка која повеќе од три месеци се бори со коронавирусот. Денеска завршува 100-тиот ден како таа преживува со Ковид-19.

На 17 март ги осетила првите симптоми, откако нејзината 16 годишна ќерка се тестирала и добила позитивен резултат.

За американскиот медиум „Хафингтон Пост“, Валас сведочи дека уште на почетокот кога ѝ било кажано од страна на лекарите дека треба да биде во карантин во период од две недели, сето тоа ѝ звучело предолго, а всушност не знаела понатаму што ја чека.

„Срамот нема да помогне никому и дури кога сте болни, вам ви треба помош и поддршка, го знам тоа од прва рака, со недели не можев да направам ништо по моето заболување. Не можев ни да разговарам, ниту имав доволно воздух за тоа и денес три месеци покасно, секојдневните обврски ме оставаат без здив. Оваа не е момент да останете сами,  нормално не треба никого да го изложите на опасност, но некој треба да ви донесе храна и да ви помогне“, рече Валас.

Иако поминале два месеци, никој не ѝ верувал дека таа се уште се чувствува лошо.

„Јас имав среќа ниту еден од моето опкружување да не помисли дека јас можеби се преправам, три месеци отворено зборувам за своето искуство и фактот што многумина и по заразувањето ги чувствуваат последиците од вирусот. Верувајте ми, во овој период познавам многу луѓе кои поминуваат низ истото, ако се вие заболени или некој кого го знаете, во тој случај, морате да побарате најдобра нега. Вирусот нема да исчезне уште долго време и затоа приоритет треба да ви биде вашето здравје како и здравјето на вашите“, додава Валас во своето сведоштво за „Хафингтон Пост“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: