#ДОСИЕ

Поучна приказна: Бидете им благодарни на родителите и почитувајте ги додека сè уште се покрај вас

Објавено на

Бидете им благодарни на вашите родители. Без разлика како се однесуваат и колку пати ви го поставуваат истото прашање, секогаш обраќајте им се со добри зборови.

Ценете ги додека сè уште се покрај вас.

Оваа неверојатна приказна многу ќе ве научи:

Еден 80-годишен маж седел на каучот во неговиот дом, заедно со неговиот образован 45-годишен син. Одеднаш еден гавран застанал на нивниот прозорец.

„Што е ова?“, прашал таткото.

„Гавран“, одговорил синот.

По некое време таткото го повторил прашањето.

„Татко, само што ти кажав, тоа е гавран“, рекол синот.

По некое време, таткото по трет пат го повторил неговото прашање. Сега веќе се забележувала и фрустрација во гласот на синот кога одговорил:

„Гавран е, гавран.“

По некое време, таткото го повторил прашањето и по четврти пат. Сега веќе синот почнал да вика.

„Зошто одново и одново ми го поставуваш истото прашање? Толку пати ти кажав дека тоа е гавран! Зарем не можеш да го разбереш тоа?“

Таткото отишол во неговата соба и се вратил со стар дневник што го чувал уште од раѓањето на синот.

Го отворил дневникот на една страница и го замолил синот да ја прочита.

На страницата пишувало:

„Денес мојот мал 3-годишен син седеше со мене на каучот додека на прозорецот имаше гавран. Синот 23 пати ме праша што беше тоа, а јас 23 пати му одговорив дека е гавран. Го прегрнував секој пат кога ми го поставуваше истото прашање. Воопшто не чувствував гнев туку љубов кон моето невино дете.“

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version