Connect with us

#ФОКУС

Пред избори, градоначалникот на Петровец си доби кривична

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

– Управата постапила по пријавата и вчера поднесе кривична пријава против пет лица за оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра, изјави Николовски.

Пристигнаа, посочи Николовски, повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.

– Сега се е јавно. Повикувам да се користат сите алатки на алармирање, изјави Николовски.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, рече дека до ОЈО поднела кривични пријави против пет физички и три правни лица.

– Првопријавениот, во својство на градоначалник од 2009 година до сега, од 2012 година овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари, по основ за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени, појасни Муареми.

Против овие лица, посочи Муареми, постојат основи за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

– Управата постапила по пријавата и вчера поднесе кривична пријава против пет лица за оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра, изјави Николовски.

Пристигнаа, посочи Николовски, повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.

– Сега се е јавно. Повикувам да се користат сите алатки на алармирање, изјави Николовски.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, рече дека до ОЈО поднела кривични пријави против пет физички и три правни лица.

– Првопријавениот, во својство на градоначалник од 2009 година до сега, од 2012 година овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс” – Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари, по основ за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени, појасни Муареми.

Против овие лица, посочи Муареми, постојат основи за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.

#ФОКУС

Македонка го освои срцето на Цеца


Македонката Сања Димова, во последното издание од „Ѕвездите на Гранд“, со нејзиниот настап го воодушеви жирито и балканската публика. Сања се престави со „Судбо моја“ и „Повторно имам причина да живеам“ и освои пет гласа од жирито и еден од продукцијата.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик –

По потекло струмичанка, од музичко семејство, младата Сања, која студира на музичка академија, на прашањето од Саша Поповиќ кога ќе избере за ментор во следниот круг, таа одговори, Цеца, а пејачката прифати да работи со младата македонка.

„Верувај ми душо дека ќе биде се добро“ – ѝ рече Цеца.

Нејзините родители, познатите македонски пејачи Борис и Билјана, беа нејзината поддршка позади сцената и преставени како извондредни вокали, кои можеби наскоро, по сугестија на жирито ќе ги видиме на сцената од „Никогаш не е доцна“.

Continue Reading

#ФОКУС

Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ


Денес, со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Skopje Vinyl Convention“, во организација на Funky Fresh.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик –

Настанот е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.

Влезот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање  настани на отворен простор.

Continue Reading

#ФОКУС

Симон Трпчески ќе ја отвори новата концертна сезона на Филхармонијата


На 7 октомври во 20 часот Филхармонијата ја отвора новата концертна сезона со настап на исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик –

На програмата се две ремек-дела на Франц Лист – Концертот бр. 2 и симфонијата „Данте“.

Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, а ќе настапи и хорот „Про-арс“.

Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на веб-страницата www. filharmonija.mk.

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: