#ФОКУС
Престанете да ги омаловажувате Aлбанците со оваа ваша популистичка и „патриотска“ игра
По изјавата на Артан Груби за субвенционирање на фирмите кои ќе вработат Aлбанци и граѓани од други помали етнички заедници, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи.
Фејсбук статусот на Лиса Шакири ви го пренесуваме во целост.
„Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат Aлбанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од албанците не знаеле македонски!
Значи дечки, да се разбереме!
Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовниот пазар еднакви со Македонци и со германци и други, и тука и во странство! Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.
Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите албанци, без разлика на тоа или или нема вложно труд во партијата (или поседува или не партиска книшка).
Второ, ретко кој дипломиран албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во топ фирми низ Европа и Америка. Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.
Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик, и aлбански, па се до поголеми фирми.
Конечно, престанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште поинфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Mакедонците“, стои во објавата на Фејсбук.