#ТРЕНД

Принцот Мајкл од Кент под истрага, го користел кралскиот статус за „да продава пристап“ до Путин

Објавено на


43-годишниот внук на кралицата се разведува од сопругата, со која беше во брак 13 години.

Тоа е првиот кралски развод во последните неколку децении, а сега Питер Филипс треба да ги финализира деталите за разделбата со сопругата Отум Филипс.

Бракоразводната постапка, иако виртуелна, почнува во судот оваа недела.

Судијата Џастис Пил од Високиот суд ќе го разгледува нивниот случај. Двојката има две деца, 10-годишната Савана и деветгодишната Исла.

Ниту една од страните нема да биде присутна на суд, целиот процес ќе се одвива виртуелно преку видеоконференција, а адвокатите ќе говорат во име на секој од парот.

Двојката ја објави својата разделба минатата година откога ги известиле кралицата и семејството на крајот на 2019 година. Во изјавата објавена на почетокот на февруари 2020 година, беше наведено: „Есента заеднички се согласивме да се разделиме“.

Тие заедно заклучиле дека тоа е најдобриот начин на дејствување за нивните две деца и меѓусебното пријателство. Одлуката за развод и заедничко старателство над децата, која следуваше по повеќемесечни дискусии, иако тажна, е пријателска, велат двајцата.

На денот на свадбата, 2008 година.



Трендинг

Exit mobile version