Медиасет.мк

#ТРЕНД

Продадени 120.000 хамбургери на првиот работен ден на рускиот Мекдоналдс


Првата филијала на руската верзија на синџирот ресторани Мекдоналдс, наречена „Вкусно и точка“, беше отворена во Москва пред десет дена откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија. Оттогаш, околу 50 ресторани се отворени во и околу руската престолнина.

Рускиот ребрендиран Мекдоналдс привлече големо руско внимание и на денот на отворањето во Москва беа продадени речиси 120.000 хамбургери, соборувајќи ги сите досегашни рекорди пред американскиот синџир да ја напушти земјата, пренесува „Дејли мејл“.

„Првиот ден продадовме речиси 120.000 хамбургери. Таков дневен промет никогаш не сме виделе во текот на целото време на работа на Мекдоналдс во Русија“, рече извршниот директор Олег Пароев. Тој додава дека не очекува ваквата побарувачка за плескавици да трае, туку дека целта им е да отворат ресторани на што повеќе локации.

Тој призна дека предизвикот е да се заменат некои состојки и да се најдат добавувачи. Иако 99 отсто од производите доаѓаат од руски добавувачи, Пароев рече дека „значителен процент“ состојки се набавени во странство, што е комплициран процес поради санкциите.

„Во моментов бараме нов добавувач на пијалоци бидејќи Кока-Кола ги исцрпува своите резерви во Русија“, рече тој. Новата компанија е решена да го задржи квалитетот на производите, но Пароев напоменува дека предизвикот е да се задржи добро познатиот вкус на храната Мекдоналдс.

Нашите гости ќе се навикнат на новото име и ќе сфатат дека веќе не се на „Мек“ туку на „Точка““, заклучува Олег.

Трендинг

На почеток
error: