#ХАЈТЕК
Продадени дури 1,5 милијарди видео игри за PlayStation 4
Иако доаѓањето на најновата генерација на конзоли допрва доаѓа, продажбата на Playstation 4 во светот не забавува.
Интересот е секако помал отколку во претходните години, но многумина дури сега ја земаат „четворката“ бидејќи цената паѓа подрастично. Индикатор за тоа се резултатите од продажбата собрани до 30 септември.
Имено, досега се продадени над 113,6 милиони примероци од конзолата Playstation 4, околу 3 милиони повеќе уреди отколку во мај годинава. Импресивна и уште посилна продажба има во видео игрите во секоја форма, каде што се продадени околу милијарда и пол игри од доаѓањето на генерацијата.
Навистина импресивна бројка што зборува за себе колку успех имал Сони претходните 7 години. Според познатиот аналитичар Даниел Ахмад, тоа значи дека секој корисник на конзолата PS4 има во просек околу 13 видео игри во нивна сопственост.
И откога ќе излезе Sony Playstation 5, PS4 ќе остане прв избор за многумина барем уште некое време, бидејќи се очекува недостиг на нови конзоли, а Sony продолжува да продава видео игри и за стариот систем.