Медиасет.мк

#ФОКУС

Проно филмови од жени од Гевгелија се шират на интернет

„Слободен печат“ одбави дека до нивната редакција пристигнале десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Видеата масовно се споделуваат по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделуваат клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создаваат адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како „ГевгелијаХаб“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Исто така и Хелсиншкиот комитет за човекови права собира информации за случајот по што оттаму најавија соодветни дејствија. Неофицијално, станува збор за материјали што девојките им ги пратиле на своите партнери и не биле наменети за очите на целата јавност, како што тоа се случува откако видео материјалите биле злоупотребени и ,,протекле” на социјалните мрежи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: