Медиасет.мк

#ФОКУС

Прв заболен од коронавирус во Македонија, моментално е на Инфективна клиника

Потврден е првиот случај на коронавирус во Македонија. Станува збор за патник кој доаѓал од Италија за Македонија и пронјавил симптоми на смртоносниот вирус.

Лабораторските испитувања го потврдиле тоа. Македонскиот државјанин сам се јавил на Инфективната клиника во Скопје. Испитувањата за овој пацинет се чекаа, а претходно, беше соопштено дека други два пациенти кои исто така патувале од Италија, немаат вакво заболување.

Денес треба да пристигне уште еден авион од Италија. Како што посочи министерот, денеска почнува набавката на дезинфекциски средства за училиштата, како и дополнувањето на резервите на опрема што е заштитна опрема за медицинскиот персонал. Филипче нагласи дека попладнево ќе биде донесена одлука дали ќе има изолација за сите патници од ризичните региони.

Информацијата не е потврдена од Министерството за здравство, а прес-конференција најавија за во 16:30 часот, односно за половина час.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: