Медиасет.мк

#ФОКУС

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.

Билетот чини 50 денари, хартиен и со вграден бесконтактен чип, односно се валидира бесконтактно на постојните валидатори.

Цената на другите видови билети останува непроменета. И натаму пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку картичките чини 35 денари, а билетот што се плаќа со мобилен телефон е 40 денари…

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните што ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто за сите оние што не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или со мобилен телефон“, велат од ЈСП.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: