Медиасет.мк

#ФОКУС

Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките од УСБ-то на осудениот Зоран Милески, а како причина е повреда на углед на лицата чии имиња се споменувале. Судијката Васка Николовска-Масевска одлучи да ја исклучи јавноста иако сите обвинети и нивните адвокати и натаму се противеа.

„Да се исклучи јавноста бидејќи се споменуваат имиња чиј углед може да се наруши“, рече Русковска.

Адвокатката Ирена Фрчковска ја потсети Русковска дека на вчерашното рочиште рекла оти остатокот од снимките ќе бидат јавно презентирани, а денес има друг став.

„Вие вчера кога ја прашавте обвинителката, таа рече дека јавно ќе бидат изведени доказите“, рече Фрчковска.

Јанева ѝ рече на судијката Николовска-Масевска дека и со презентирањето на снимките објавени од „Ла Верита“ бил повреден нејзиниот углед, но јавноста ги слушала. Таа додаде дека сака јавноста да чуе сè што има во снимките.

„Нема ништо загрозувачки во снимките, ништо. Ние ги имаме слушано. Ве молам. Во однос на снимките од ‘Ла Верита’ имаше повреда на мојот личен интегритет, но не беше исклучена јавноста. Ние сакаме континуирано сè јавно да се слушне“, рече Јанева.

Сличен став имаше и обвинетиот Бојан Јовановски, кој рече дека јавноста треба да остане во судницата за да се спречат шпекулации.

„За да се спречат шпекулации во однос на тие фамозни снимки, сакам да остане јавноста. Вие носите крајна судска одлука, но во овој случај се наслушавме разни работи од страна на јавноста и медиумите,  јас и моето семејство бевме изложени на тежок срам“, рече Јовановски.

Сепак, судијката одлучи да го прифати предлогот на Русковска.

„Судот донесе одлука да биде исклучена јавноста бидејќи има лица што не се дел од кривично-правниот предмет“, рече судијката.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: