Медиасет.мк

#ТРЕНД

Рада Манојловиќ заврши во болница

Српската пејачка Радмила Манојловиќ итно е однесена во болница заради големи болки во кичмата, пишува „Курир“. Таа од претходно има повреда на кичмата, па заради големи болки, морала ноќта да ја мине на клиника во Белград. Сега, пејачката ќе мора да мирува и да се придржува до советите на докторите, кои досега, наводно ги слушала.

„Рада ја повредила кичмата додека играла тенис и сега повторно оди кај киропрактичар кај кој одела претходно кога се вкочанила. Уште тогаш ја предупредил и ѝ рекол да внимава и да не прави никакви нагли движења, но таа не послушала. Затоа сега одмора и ако се придржува до неговите упатства за брзо време сè ќе биде во најдобар ред“, рекол извор за Курир.рс

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: