Медиасет.мк

#ФАЦИ

Реакции по смртта на спортистот од коронавирус: Господ ќе го прими Илче во рајот, ама вам душите кај ќе ви одат, убијци?

Македонската пејачка Тања Царовска на фејсбук се огласи по смртта на претседателот на ракометниот клуб Преспа, Илче Котевски, кој почина од коронавирус. Според пејачката целта е да се всади страв за луѓето да се вакцинираат, а поради тоа умираат невини и немоќни луѓе.

„Гневна сум, гневна, не само тажна. Цело време се молев да биде добар, откако разбрав дека бил во болница со “коронавирус”. Вчера прочитав дека бил подобар и се израдував, денес Илче Котевски, другар од детство и комшија, починал од вирусот, го ставиле на респиратор па не издржал. Зошто ставаат на респиратор млад човек кога јасно е дека никој не куртулил од респиратор, дека сите починаа од тромб? Зошто наеднаш во Ресен “се разбукти” короната кога цело време до пред недела-две немаше ни еден регистриран случај?
Е па другари, како зошто, треба да се всади страв в коски и луѓето да сакаат да се вакцинираат од страв. Инаку ќе им пропадне планот со вакцините, никој нема да сака. Оние што го праќаат протоколот за лекување од седиштето, тие просперираат од смрт. Тие сакаат смрт, тие доживуваат екстаза на смрт на невини, немоќни луѓе. Што помлади, тоа подобро за нив. Што помлади, толку поголем стравот кај народот, за да им успее агендата. До тука стигнаа со терање на операцијата, сега да капитулираат? Па толку пари се примија за смртни случаи заведени како корона што немаа врска со корона, мора да се одработат, мора да се “истера до крај”. Господ ќе го прими Илче во рајот, ама вам душите кај ќе ви одат, убијци?“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: