Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Концерт на светските ѕвезди како поддршка за здравствените работници во светот

Повеќе од 100 музички светски sвезди, вклучувајќи ги Ролинг Стоунс, Пол Мекартни, Лејди Гага, Килерс, Стиви Вондер, Селин Дион, Андреа Бочели, Џенифер Лопез и Били Ајлип, одржаа виртуелен концерт „Еден свет – заедно дома“ во знак на поддршка на здравствените работници, во време на пандемијата на коронавирусот.

Овој уникатен настан, организиран од „Глобал цитизен“ и Светската здравствена организација (СЗО), започна со снимки од луѓе кои аплаудираат на здравствени работници од нивните домови низ целиот свет, а целиот настан траеше осум часа.

Концертот го отвори Лејди Гага со песната „Smile“.

„Сакаме да се преминеме на другата страна на оваа пандемија, а знаеме дека тоа и вие го сакате, рече пејачката.

Членовите на „Ролинг стоунс“ настапија заедно од четири различни локации, а Пол Макартни кажа дека здравствените работници се вистинските херои на кризата и се присети на мајка му Мери, која била медицинска сестра за време на Втората светска војна.

Џенифер Лопез од својата градина го изведе хитот на Барбра Стрејсенд, „Луѓе“. Лопез пееше од својот двор, каде користела некои стари божиќни украси за да создаде атмосфера, а носеше и маичка со ликот на легендарната Стрејсенд.

Бјонсе испрати порака со афроамериканската заедница

„Афроамериканците тешко ги погоди оваа криза. Ве молам, чувајте се и себе и своите семејства. Знам дека е тешко, но бидете трпеливи, позитивни и молете се нашите херои“, истакна ѕвездата.

Настанот,, кој многумина го оквалификуваа како концерт на векот, заврши со верзија на песната The Prayer, во изведба на Селин Дион, Лејди Гага, Андреа Бочели и Џон Леџенд.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: