Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Според овој правилник регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички со 50% намалени давачки ќе почне од утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на компанијата „Раде Кончар“.
„Предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за метеорологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение“,соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Прочитај повеќе Регистрација на возилата со странски таблички со 50% помали давачки at Скопје1.мк.