Eден од најпознатите сериски убијци, Декстер, се враќа на екраните.
Кабелската мрежа „Шоутајм“ во средата соопшти дека дала зелено светло за оживување на „Декстер“ во 10 епизоди, а sвездата Мајкл Хол повторно го глуми форензичарот Декстер Морган, кој работи во полиција во Мајами,, но исто така е и сериски убиец.
„Ќе се навратиме на овој уникатен лик кој заслужува брилијантна оригинална серија. Па среќен сум што ве информирам дека извршниот продуцент Клајд Филипс и Мајкл Хол се вклучуваат во проектот“, рече во изјавата Гери Левин од „Шоутајм“.
Популарната и контроверзна ТВ-драма серија „Декстер“ се прикажуваше осум сезони на каналот „Шоутајм“, до 2013 година, заработи повеќе награди и го зацврсти трендот на морално двосмислени антихерои на американската телевизија, вклучувајќи ги меѓу нив и конфликтниот шеф на мафијата Тони Сопрано (Sopranos) и харизматичниот Дон Дрејпер (Mad Men).