Медиасет.мк

#КИНО

Римејк на ТВ-драмата за серискиот убиец Декстер

Eден од најпознатите сериски убијци, Декстер, се враќа на екраните.

Кабелската мрежа „Шоутајм“ во средата соопшти дека дала зелено светло за оживување на „Декстер“ во 10 епизоди, а sвездата Мајкл Хол повторно го глуми форензичарот Декстер Морган, кој работи во полиција во Мајами,, но исто така е и сериски убиец.

„Ќе се навратиме на овој уникатен лик кој заслужува брилијантна оригинална серија. Па среќен сум што ве информирам дека извршниот продуцент Клајд Филипс и Мајкл Хол се вклучуваат во проектот“, рече во изјавата Гери Левин од „Шоутајм“.

Популарната и контроверзна ТВ-драма серија „Декстер“ се прикажуваше осум сезони на каналот „Шоутајм“, до 2013 година, заработи повеќе награди и го зацврсти трендот на морално двосмислени антихерои на американската телевизија, вклучувајќи ги меѓу нив и конфликтниот шеф на мафијата Тони Сопрано (Sopranos) и харизматичниот Дон Дрејпер (Mad Men).

Трендинг

На почеток
error: