Медиасет.мк

#КИНО

Ривс го снима „Матрикс“ во Сан Франциско, а во посета му дојде негова драга личност

Александра Грант е на пролжен викенд во Сан Франциско, кој почна во четвртокот мината недела кога дојде да го посети својот партнер Кијану Ривс, додека го снима најновото продолжение на блокбастерот „Матрикс“.

Папараците ги забележаа во City By The Bay откако излегоа од хотелот „Омни“ во четвртокот вечерта.

А во неделата вљубените птички – кои првпат се појавија заедно во јавност минатиот ноември држејќи се за рака на традиционалната гала-вечер LACMA Art + Film Gala во Лос Анџелес –  сега повторно беа забележани заедно.

Александра носи капут со беж и црн леопард принт и кратки црни чизми.

А нејзината љубов, филмската икона Ривс, на себе има црн капут со војничко зелена постава.

Се чини дека двајцата беа поспани и без насмевка на лицата во доцните часови на прометната улица. На излезот од хотелот имаше група фанови кои чекаа во редица на тротоарот за да ги сликаат.

Ова е нивна втора заедничка фотографија по онаа во ноември на црвениот тепих на свечената гала LACMA Art + Film.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: