#ФОКУС

Русите работат на вакцина против коронавирусот која ќе се јаде

Објавено на

Руски научници работат на вакцина против коронавирусот која луѓето ќе ја примаат како млечен производ.

Потпретседателот на Руската академија на науки, Владимир Чеконин, изјави дека станува збор за вакцина која би се внесувала орално. Имено, антигените во таквата вакцина најчесто се наоѓаат во микрокапсули кои ги штитат од стомачните ензими.

Чеконин појасни и зошто е посебна таа вакцина. Генот кој го кодира С-проеинот на коронавирусот се внесува во пробиотичката бактерија пили, па така бактеријата добива имуноген протеин на својата површина. Така вакцината може да се дозира како млечен производ, објаснува Чеконин.

Од коронавирусот досега во светот се заразија повеќе од 6 милиони луѓе, а починаа околу 380.000 луѓе.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version