#ДОСИЕ
Сакам да се самоубијам: Деветгодишно дете сака да умре оти било малтретирано на училиште
Мајка објави трогателно видео во кое нејзиниот син панично плаче и повторува дека сака да се самоубие зашто бил малтретиран на училиште поради тоа што е со џуџест раст. Целта на мајката е да ја подигне свеста кај родителите, учениците и просветните работници за последиците од булингот (врсничкото насилство).
Во емотивното видео, мајката Јарака очајнички објаснува дека нејзиниот 9-годишен син Квејден секој ден е малтретиран на училиште, дека тој постојано има самоубиствени мисли и дека таа мора внимателно да го набљудува да не си го одземе животот. Првпат, тој се обидел да се самоубие кога имал само 6 години.
Јарака ги замолува родителите да ги научат децата да не ги исмејуваат различните и вели дека повеќе не можела да крие со што се соочува секој ден.
„Ова е ефектот од булингот. Сериозно не знам што да направам повеќе“ – вели таа.
Најтрагични се моментите кога малото детенце бара јаже за да се обеси и бара некој да го прободи за да умре.
Снимката треба да го „сепне“ и замисли секој родител!
По споделувањето на видеото, Квејден доби море од позитивни коментари и поддршка од целиот свет.
Актерот Хју Џекман испрати видео-порака до тажното момче, a започната е и акција за собирање на средства со кои Квејден и мајка му ќе отпатуваат во Дизниленд. Иако на почетокот беше планирано да се соберат 10.000 долари, сторијата допре до толку многу луѓе што веќе има над 180.000 долари.