Со цел да ја зачува животната средина, Apple не ставил полнач во комплет со кутијата со новите iPhone модели. Apple оваа одлука ја оправда со тоа што, на овој начин, повеќе се заштитува животната средина. Од американската компанија нагласија дека ефектот на исфрлувањето на полначот од пакувањето ќе биде ист како од употреба да се исфрлат дури 450 илјади автомобили во една година.
Samsung ја искористи оваа прилика за да ги увери своите корисници дека со нивните GALAXY телефони имате полнач: „Вашиот нов Galaxy нуди се што ви е потребно. Од основните работи како полнач, се до врвна батерија, камери, перформанси и дисплеј од 120Hz“.