#ФОКУС

Сателитски снимки: Бејрутското пристаниште пред и по експлозијата

Објавено на

Сателитски фотографии објавени на странските агенции покажуваат како изгледало бејрутското пристаниште пред и по вчерашната експлозија.

Споредбата на двете фотографии јасно ја доловува катастрофата – еден дел од Бејрут е буквално срамнет со земја, а уништени се објекти кои се наоѓаат и на оддалеченост од 10 километри од местото каде што настанала експлозијата.

Странска помош пристигнува од секаде, додека луѓето ги напуштаат своите домови кои сега се уништени по стравотната несреќа.

Проценките се дека над 300.000 луѓе ги загубија домовите по избувнувањето на експлозијата.

Либанскиот претседател, Мишел Аун најави итна помош од 66 милиони долари, но последиците од експлозијата на пристаништето врз економијата ќе бидат долготрајни.

Либанската Влада прогласи „вонредна состојба во градот Бејрут на две недели, изјави министерот за информации Манал Абдел Самад, објаснувајќи дека „врховниот воен орган веднаш ќе биде надлежен за безбедносните прашања“.

Владата, исто така, одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот.

Не е јасно колку од нив ќе бидат во домашен притвор и какви функции извршувале.

Војската ќе проверува дали се во домашен притвор се додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозијa.

Во експлозијата загинаа околу 100 лица, а над 4.000 луѓе се повредени.

Експлозијата се случи во близина на местото каде во 2005 година експлодира автомобил-бомба, при што загина поранешниот либански премиер Рафик Харири.

Во Либан со месеци се одржуваат антивладини протести поради начинот на кој Владата се справува со најлошата економска криза од граѓанската војна во 1975 година до 1990 година. Демонстрантите ја обвинуваат владејачката елита, што со години доминира во политиката, за лино богатење, наместо да ги решава основните проблеми на луѓето, како што се недостаток на енергија, вода за пиење и лош здравствен систем.

Либан прежиева катастрофална граѓанска војна од 15 години, по што честопати беше мета на вкрстен оган од регионалните конфликти.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version