#ТРЕНД
Се испокараа „Ѕвездите од Гранд“: Карлеуша и со закани, цела драма за безвезе
По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“ поради Јелена Карлеуша, сега има нов проблем. Фановите бараат да ја избркаат Карелуша и таа да не е повеќе член на жирито. Откако кандидатката Вања рече дека Јелена Карлеуша лаже и лажно ја обвинува дека таа го пцуела жирито, сега гневот е уште поголем на социјалните мрежи. Гледачите на „Гранд“ наголемо бараат Јелена да си замине од шоуто, а се јавија и други кандидати, кои се жалат поради нејзините јавни напади во шоуто претходно.
За исфрлувањето на Вања од шоуто се пишуваше наголемо, а многумна велат: Некој мора да ја спречи Јелена Карлеуша да демонстрира сила против децата и луѓето што се таму за да се натпреваруваат. Следуваа коментарите: Единствената што треба да биде исфрлена е Јелена Карлеуша. Шоуто е супер без Јелена, нека си оди…
Карлеуша, пак, вели дека навредата што ѝ ја кажала на Вања дека изгледа како тетка не е, всушност, навреда, но некои решија да потсетат како таа ја навредуваше и Сека Алексиќ, а не само кандидатите.
По дисквалификацијата на една од кандидатките во „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ, пејачката Јелена Карлеуша објави дека ќе поднесе кривична пријава против неа.
Карлеуша на социјалните мрежи напиша дека се чувствува загрозено поради повиците за насилство и медиумскиот линч што се прави кон неа и нејзините малолетни деца.
Таа се осврна и на реакцијата на нејзината колешка во жирито на „Гранд“, Марија Шерифовиќ.
„Ако некој повикаше на нејзино разбивање на главата и линч врз нејзиното семејство, јас прва ќе реагирав и ќе ја поддржев дисквалификацијата на таквиот натпреварувач. За жал, Марија тоа не го направи и со својата изјава дополнително го оправда ужасот што се направи врз мене и моето семејство“, напиша Карлеуша, која ја избриша Шерифовиќ од „Инстаграм“.