#ФАЦИ

Се ожени Маријан Стојаноски, наскоро ќе стане и татко

Објавено на

Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска, која е во поодмината бременост. За убавата вест тој се пофали на социјалните мрежи каде што објави неколку фотографии од венчавката. Согласно ситуацијата во која сме, пејачот ги запази сите протоколи, па носејќи маска застана да се фотографира до својата бремена сопруга.

Тие се верија минатата година но поради ситуацијата која настана плановите за свадба се променија, па денеска остана само нивната венчавка со стандард регистрација.

Маријан долго време беше дел од музичката сцена и пееше поп-музика. Подоцна се повлече и продоложи да пее во хорот во Македонската опера, каде што работи и сега.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version