Медиасет.мк

#ФОКУС

„Се спрема епски криминал од 140 милиони евра во РЕК Битола“, Мицкоски најави спроведување на наместени тендери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе се случи кражба на 140 милиони евра преку тендери во РЕК Битола. Тој тврди дека тоа ќе биде епски криминал преку два тендери, за кои посочи дека е извесно и кои фирми ќе ги добијат.

„Се спрема епски криминал во РЕК Битола, преку тендери. Тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и фирми предводени од ДУИ и СДСМ. Сега на бегање ќе распишат тендер за набавка и увоз на јаглен и ќе го доделат тендерот за ископ на јаглен на еден конзул од источна земја а за кого има санкции од ЕУ“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека не се заканува, но апелира, вработените да не се впуштаат во акција за спроведување на овие тендери, оти им најави дека лично ќе се занимава со нив и ќе бара одговорност.

„Апелирам до луѓето во ЕЛЕМ, генералниот директор, до надлежните во рудникот.. Јас ќе се занимавам со овие јавни набавки. Јас им ветувам дека секој што ќе стаи потпис на оваа јавна набавка, ќе одговара. Лично ќе се занимавам, а имам големо искуство и знаење и знам што точно правите и што се подготвувате да направите“, додаде Мицкоски.

Трендинг

На почеток
error: