#ФОКУС

Сега е наш ред: Симнете ја апликацијата „Стоп корона“, за побрзо да заврши паднемијава

Објавено на

Апликацијата „Стоп корона“ е веќе ставена во употреба и достапна за користење. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски вели дека претставува надополнување на мерките за детекција на контакти со заболени лица. Притоа, апликацијата ќе го спречува ширењето на коронавирусот.

„Таа информира за можна изложеност на вирусот, ни помага да го заштитиме здравјето, покажува дека сме солидарни, спречување на ширење на ланецот. Апелирам до граѓаните што помасовно да ја симнат оваа апликација, веднаш. Вака им помагаме и на здравствените работници кои се на првата линија на борбата“, посочи Манчевски.

Тој посочи дека државата ја гарантира целосната заштита на приватноста. Услов за да се користи апликацијата е доброволно да се внесе телефонскиот број. „Одговорно тврдиме дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, таа не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат апликацијата. Функционира врз база на анонимни кодови. Доколку двајца граѓани дојдат во близина, тогаш, тоа се евидентира со време“, посочи Манчевски.

Локацијата никаде не се бележи и никој не може да ја знае, посочи Манчевски, според кого, апликацијата не користи лични податоци. Податоците од апликацијата се испраќаат до здравствените работници само доколку биде утврдено дека корисникот има коронавирус, но, и тоа е на доброволна основа.

АПЛИКАЦИИТЕ ЗА ВАШИОТ УРЕД НАЈДЕТЕ ГИ ТУКА.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version