Медиасет.мк

#ФАЦИ

Селекторот на Македонија дојде по албум, си застана во ред и – доби еуфоричен аплауз!

Почетокот на продажбата на албумот со сликички „Евро 2020“ на Панини привлече голем интерес кај фановите, кои побрзаа да си го купат затоа што за првпат во историјата на него ќе се најде и репрезентацијата на Македонија, а на продажната локација во Скопје пристигна и селекторот Игор Ангеловски., пренесува Спорт1.

Ангеловски застана во ред за да си го купи албумот на Панини, а тоа предизвика овации и еуфоричен аплауз кај присутните, кои побараа и по некоја фотографија со македонскиот селектор.

На почеток
error: