#ТРЕНД
Селма Хајек полни 54 години: Изгледа подобро од кога било
Селма Хајек вчера го прослави својот 54-ти роденден, на одмор во Грција со својот сопруг, францускиот бизнисмен и милијардер Франсоа-Анри Пино.
По тој повод, таа објави и повеќе слики на Инстаграм.
„Јас сум многу благодарна и горда на секоја од моите 54 години досега. Ви благодарам на сите за роденденските честитки, а посебно до оние мои обожаватели кои направија специјален профил за мојот роденден! @salmahappybirthday Каков подарок!“, напиша мексиканската глумица.
Таа во овој миг е на „продолжен летен одмор“ со својот сопруг низ Грција.
Тие двајца се заедно од 2006., а во брак се од 2009 година. Имаат една ќерка – Валентина (13).
Следните филмови во коишто таа ќе глуми, се годинашните „Like a Boss“ и „The Roads Not Taken“ и, „The Hitman’s Wife’s Bodyguard“, „The Eternals“ и „Bliss“ – закажани за идната 2021 година.