#ФОКУС

СЕММ: Да не се политизира корона кризата во медиумите

Објавено на

Советот за етика во медиумите (СЕММ) преку соопштение до јавноста реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот.

„Од моментот на прогласување на вонредната состојба до денес, до Комисијата за жалби при СЕММ се пријавени 27 случаи на непрофесионално и неетичко известување. Од нив, најголем дел (19 жалби или 70 отсто од случаите) се однесуваат на известувањето околу пандемијата на коронавирусот. Прекршување на членот 8 од Кодексот на новинарите, односно сензационалистичко информирање, како и на член 1 кој се однесува на објавувањето точни и проверени информации е утврдено во 32% од пријавените случаи“, пишува во соопштението на Советот на етика во медиумите.

Од СЕММ им укажуваат на уредниците дека сензационалистичкото известување во јавноста нема предност над професионалното и етичкото известување.

Според СЕММ, јавноста реагира и на обидите за политизирање на кризата околу коронавирусот во медиумите.

„Во дел од пријавените случаи до СЕММ утврдено е дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политичките субјекти, односно се прекршува член 14 од Кодексот на новинари (32%). Медиумите не смеат да бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки, а коронавирусот не смее да биде ‘оружјето’ што ќе се користи од кои било политичари, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, за политичко поентирање“, пишува во соопштението.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version