Медиасет.мк

#КИНО

“Сенки над Балканот” откупена од сервисот “Амазон прајм”

Една од најгледаните телевизиски серии во регионот, „Сенки над Балкан“, во која важни улоги толкуваат и македонски актери, ќе биде достапна за гледање на глобалната мрежа „Амазон прајм“.

Како што јавува „Н1“, после долги преговори серијата конечно ќе се најде на глобалната сцена и со тоа станува и прва српска ТВ-серија која ќе биде достапна на светска платформа.

„Ова е важен настан, не само за нас кои работевме на „Сенките…“, туку и за домашната кинематографија и телевизија. Преговорите се водеа речиси две години, но успеавме да убедиме една од најважните онлајн-платформи да ја откупи серијата. „Амазон прајм“ станува сериозна конкуренција и за „Нетфликс“, изјави режисерот и автор на серијата, Драган Бјелогрлиќ, кој воедно ја толкува и главната улога.

ТВ-серијата „Сенки над Балканот“ е историски трилер со дејствија кои што се одвиваат на почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија.

Серијата по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ е меѓународна копродукција помеѓу „Кобра Филм“ – Србија, „Скопје Филм Студио“ – Македонија и „Искра“ – Русија. Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радио-телевизија Србија, Радио-телевизија Република Српска и Македонската радио-телевизија, а истата е финансиски поддржана од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Од нашите актери во првата и втората сезона учество зедоа Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: