Медиасет.мк

#ТРЕНД

Северина казнета поради објавени фотографии на синот

Пејачката Северина Којиќ ја прекршила судската наредба да не објавува фотографии на социјалните мрежи од нејзиниот син Александар.

Според пресудада донесена од судот во Загреб во јули 2019 година, таа не смее да објави фотографии од малолетниот син на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, а во меѓувреме треба да ги избрише сите фотографии.

Се работи за привремена мерка, која се однесува на периодот додека не заврат сите судски рочишта, меѓу Северина и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ. Според пресудата, Северина треба да плати 660 евра, а казната ќе се зголемува и тоа за двојно повеќе, секојпат кога ќе објави на социјалните мрежи, слика од нејзиниот син.

Според пишувањата на српските медиуми, проблемите меѓу неа и Игор, наводно настанале поради финансиски проблеми. Игор ја обвинил Северина дека ќе ги донесе до банкрот, на што таа му одговорила дека треба повеќе да заработува.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: