Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Шест правила за подолг живот на кучињата

Поголемиот дел од кучињата живеат помеѓу 10 до 15 години, доколку им се овозможи доволно внимание и правилна нега. Со одредени правила ќе можете да го продолжете животниот век на вашиот домашен миленик и до 3 години, а во продолжение дознајте до кои рутини треба да се придружувате.

1-7-pravila-so-koi-na-vasheto-kuche-kje-mu-go-prodolzhite-zhivotot-i-do-3-godini-www.kafepauza.mk_

1. Овозможете му на кучето доволно физички активности и игри

На кучињата физичката активност и движењето им се подеднакво важни како и на луѓето. Идеално би било на вашето милениче секојдневно да му овозможувате еден час физички активности во кои кучето ќе се истрчува и ќе си игра, без разлика дали вие ќе му фрлате топка или ќе се забавува со други кучиња. Физичката активност не мора да биде организирана како рутина, туку доволно е кучето да трча и да го истражува она што во тој момент го интересира.

Освен за одржување на физичкото здравје и правилната телесна тежина, играњето со другите кучиња му помага на вашиот миленик да биде и емотивно задоволен. Поголемиот дел од кучињата уживаат во меѓусебната игра, па затоа што почесто дозволувајте му да си игра со останатите припадници од својот вид.

2. Овозможете му на кучето доволно време за одмор

Со доволна физичка активност, кучето треба да има и доволно време за одмор и опуштање. Иако се исклучителни социјални суштества врзани за луѓето, кучињата сакаат да имаат време кое ќе го поминат сами. Овозможете му на вашиот миленик барем еден час одмор секојдневно и не го присилувајте на активности доколку не е заинтересиран.

За да го заштитите кучето од чувството на стрес и тегоби, овозможете му, колку што е тоа возможно, нормален дневен ритам. Впрочем, животните се суштества со рутина и најсреќни се кога имаат одреден дневен распоред. Затоа, држете се до дневната рутина на вашето куче (на пример, шетање и оброци во исто време од денот) колку е можно повеќе.

3. Одржувајте здрава телесна тежина на вашето куче

Кучињата се познати по својата љубов кон храната поради што внимателно треба да ја контролирате количината што секојдневно ја консумираат. Дебелината особено им се заканува доколку јадат полномасна човечка храна, но и ако јадат премногу кучешка храна, а не се движат доволно.

Константното одржување на здравата телесна тежина е еден од начините на кои можете да му го продолжите животот на кучето. Тоа најлесно ќе го постигнете така што секојдневно ќе му давате иста количина храна.

2-7-pravila-so-koi-na-vasheto-kuche-kje-mu-go-prodolzhite-zhivotot-i-do-3-godini-www.kafepauzamk)

4. Редовно носете го кучето на прегледи и вакцинирање кај ветеринар

Со редовните прегледи кај ветеринарот ќе можат навремено да се откријат болестите и здравствените проблеми и истите успешно да се излечат. Истото важи и за вакцинирањето кое може да го спаси животот на кучето. Тоа треба да се носи на ветеринар еднаш годишно кога е веќе пораснато и од 2 до 4 пати годишно кога е мало.

5. Одржување чисти заби на кучето

Расипувањето на забите кај кучињата е доста вообичаено, но истовремено е и опасен здравствен проблем, бидејќи не создава само дентални потешкотии туку и инфекции во целото тело, особено во подрачјето околу срцето и бубрезите.

Поголемиот дел од кучињата нема да имаат совршени заби и свеж здив како луѓето, но со правилната исхрана и додатоци за исхраната кои ги чистат забите, тие ќе се одржуваат максимално чисти и здрави. Доколку на забите на кучето се наталожи голема количина на храна, најдобро е да отидете кај ветеринар за да ги исчисти.

6. Кастрирајте го и стерилизирајте го кучето

Кастрацијата и стерилизацијата на кучето може да го продолжи животот од една до три години. Кастрираните мажјаци нема да можат да заболат од рак на тестисите и поретко ќе имаат проблеми со простатата. Стерилизираните женки многу поретко ќе заболуваат од тумор на млечните жлезди и не можат да добијат потенцијална фатална инфекција на матката. Освен тоа, сите здруженија за заштита на животните советуваат за кастрирање и стерилизирање на кучињата.

7. Хранете го вашето куче само со кучешка храна

Понекогаш на кучињата можете да им дадете свеж зеленчук, но тоа би требало да биде сè од човечката храна што вашиот миленик ќе ја јаде. Човечката храна главно е претешка и премногу мрсна за кучињата, а кога еднаш ќе ги проба остатоците од вашиот ручек, секогаш ќе ги сака и нема да ви даде мир додека јадете.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: