Медиасет.мк

#ФАЦИ

Шилегов позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов е позитивен на Ковид-19. Тој вели дека има лесни симптоми и благо покачена температура, но дека нема потреба од хоспитализација.

„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19.

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.

Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“, пишува тој.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: