Connect with us

#ПАТУВАЊА

ВИДЕО: Шпанското крајбрежје, три места кои се наубави за уживање

Шпанското крајбрежје е едно од најубавите и најпосетените места за летен одмор. Изобилува со прекрасни плажи за сечиј вкус, и за оние кои сакаат мир и спокој, и за оние кои планираат лудо да се забавуваат.

Следните три дестинации ќе ви пружат одмор и уживање во секој миг. Погледнете зошто Шпанија e избор на познатите личности од шоу-бизнисот.

Ибица

Ја знаеме како кралица на забавите, место на кое ќе имате можност да се забавувате со најдобрите светски диџеи, па и да сретнете некоја холивудска ѕвезда. Плажата Cala Xuclar е вистинска мирна оаза, но никако не ги пропуштајте забавите во кафулињата и дискотеките во близина.

Мајорка

Најголемиот остров во Шпанија нуди незаборавен одмор и уживање во Средоземното море најмногу поради фактот што претставува комбинација од прекрасна природа – национални паркови и бели песочни плажи и луди ноќни забави. Место за вистинските хедонисти.

Малага

Малага е град сместен во областа Андалузија, на брегот Коста Дел Сол. Прекрасно место за одмор, со прифатливи цени како во рестораните, така и во маркетите. Прекрасната плажа Малагета ќе ве остави без зборови. Доколку сакате некое по луксузно место посетете ја Марбеља која е на 1 час возење со автобус или автомобил.

#ПАТУВАЊА

Листа од најубавите туристички гратчиња во Европа

Си-Ен-Ен неодамна објави листа на најубавите мали гратчиња во Европа, кои „освојуваат со својата прекрасна архитектура и голем дел од културата што ќе ја најдете и во големите градови, но со помалку метеж“.

Во списокот, од поблиското наше соседство, спаѓаат и Мостар, БиХ, и хрватска Корчула.

„Стариот мост, изграден од Османлиите во 16 век, долго време се сметал за еден од најдобрите примери на балканската исламска архитектура“, вели написот за една од најпрепознатливите знаменитости во гратчето.

– „Мостот беше урнат од хрватските сили за време на војните на Балканот, во ноември 1993 година. Мостот е преизграден во 2004 година, а денес Мостар е омилена дестинација во Босна и Херцеговина и популарен како еднодневно патување од Дубровник до соседна Хрватска“, истакнува репортажата.

За Корчула, пак, се вели: „Град од светска класа, со светли бели улици и згради издлабени од околниот камен, вода речиси насекаде и прекрасни градби оставени од Венецијанците, кои владееле овде со векови“.

На листата е и Гитхорн, Холандија, нарекуван „холандска Венеција“ – со безброј водни канали, но и значително помалку туристи. Тука се и и Роскоф во Франција, Ангијари и Мазара дел Вало во Италија, Нафплио, Грција, германски Динкелсбил, ирски Кенмејр, како и Пиран, Словенија.

Continue Reading

#ПАТУВАЊА

Објавени условите за влез во Грција за летување

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, по посетата на Белград најави дека летово за влез во Грција ќе бидат прифатени сите вакцини и дека туристите коишто се имунизирани ќе бидат насочени кон зелената лента на границата за намалување на метежот.

Теохарис додаде дека оние патници што немаат сертификат за вакцинација ќе треба да имаат негативен тест за ПЦР или тест за антигени.

Туристичката сезона почнува на 14 мај, односно кога границите ќе се отворат. Постои можност земјите кои се успешни во имунизацијата, како што е Србија, да бидат вклучени во нашиот пилот проект, каде што може да ги ослободиме нивните туристи и во април. Но, тоа зависи од здравствената состојба – изјави Теохарис.

ПЦР тест ќе биде задолжителен за деца постари од 10 години, додека нема да биде потребен за помладите.

Continue Reading

#ПАТУВАЊА

ВИДЕО: Сејшели чека туристи, прва држава со колективен имунитет

Сејшели е на пат да стане прва држава на светот која постигнала колективен имунитет против ковид-19 благодарение на вакцините донирани од Индија и Обединетите Арапски Емирати. Земјата планира да се отвори за сите странски туристи, освен од Јужна Африка, на 25 март, кога веќе нема да биде задолжително да се оди во хотелски карантин. Сејшели располага со 115 острови и до сите нив ќе може слободно да се патува.

Сејшели почна со имунизацијата во јануари и до крајот на минатиот месец, 44% од населението имаше примено по две дози од вакцината. Се очекуваше до средина на март ова да порасне на повеќе од 70%, колку што е потребно за да се постигне колективен имунитет.

Сејшели доби 50.000 вакцини на „Синофарм“ од ОАЕ и исто толку дози на „АстраЗенека“ од Индија. Двете земји имаат блиски трговски и културни врски со Сејшели, чија влада обезбеди дополнителни 40.000 вакцини.

„Имунизацијата беше навистина успешна. Сега дојдовме до точката кога можеме дополнително да ги отвориме границите и да ја обновиме економијата“, изјави министерот за надворешни работи и туризам Силвестре Радегонде.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: