Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Антониа смета дека негативните коментари можат да и го нарушат здравјето, а не детокс соковите за кои сите ја хејтаа

Младата пејачка Антониа Гиговска, која беше жестоко критикувана откако рекламираше детокс сокови кои се пијат пет дена без храна, во емисијата „Ние и вие“ се правдаше дека не била добро разбрана. Таа посочи дека негативните коментари не треба допираат до неа бидејќи може да си го наруши здравјето.

„Многу блиски луѓе ме прашуваа како го трпиш сето ова, едноставно јас сум таква и не можам да се замарам многу за тие коментари, а поготово што знам дека јас не сум крива, односно тоа не е моја кривица. Тоа беше една реклама која ја направив лично за мене. Гледам да рекламирам нешто од секојдневниот живот или тоа што го правам. Се работеше за детокс сокчиња кои се пијат три или пет дена, не за целосно да ги симнеш килограмите, туку за лично здравје, тие се многу природни, донесени од Америка и многу нутриционисти кажуваат дека треба да се пијат. Не за да ослабеме, иако јас ослабев 3-4 кила, туку бидејќи стварно го читат организмот. Ме нападнаа бидејќи се изразив на тој начин да ја кажав само вистината, а тоа е дека додека се пијат тие сокови не треба да се конзумира храна. Тоа не може ничиј живот да загрози, во него има четири вида салати“, рече Гиговска.

 

Трендинг

На почеток
error: