Медиасет.мк

#ФАЦИ

Што работи менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ?

Менаџерката на музичката легенда Тоше Проески иако доживеа голем успех во шоу бизнисот по смртта на пеачот одлучи да ја промени својата професија и целосно да се повлече од јавната сцена.

Петровиќ се грижеше за кариерата на Проески по запирањето на неговата соработка со продукциската куќа Авалон, за на крајот да замине во „Award Entertainment“.

Таа денес се занимава со работа која нема допирна точка со естрадата и шоу бизнисот, живее и работи во Ниш каде се занимава со одгледување на лаванди, пренесуваат српските медиуми.

Петровиќ беше сопатник на Тоше во кобната сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година, но помина со полесни телесни повреди.

По несреќата, во Македонија беше изложена на жестоки и контроверзни напади од медиумите во врска со начинот на водењето на кариерата на Проески.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: