Медиасет.мк

#ТРЕНД

Што се случува? Алекс и Џеј Ло повторно се поврзаа со своите поранешни


Алекс Родригез деновиве се дружеше со својата поранешна сопруга, па се повеќе се шират шпекулации дека тие се повторно заедно. Од друга страна, латино дивата е фотографирана како страсно се бакнува со Афлек, со кого беше во врска пред 17 години.

Џенифер Лопез (51) и бејзбол легендата Алекс Родригез (45) кон средината на април годинава за странските медиуми го потврдија крајот на нивната љубов.

Не помина долго и на површина излегоа приказните за причината на нивната разделба, и, сите се посомневаа во реалити-ѕвездата Медисон Лекрој (31), со која Алекс, наводно, имал афера. Џенифер негираше дека трето лице е виновно за нивните проблеми. Тие се обидоа да ги решат, но неуспешно.

Џенифер, во меѓувреме, се врати на старата љубов, актерот Бен Афлек (48), со кого беше пред 17 години. Со денови се криеја, а потоа папараците ги фатија како се гушкаат и се бакнуваат.

Иста е ситуацијата и со Алекс. Тој побегна во прегратките на неговата поранешна сопруга Синтија Скуртис, со која беше во брак од 2002 до 2008 година.

За време на викендот, тој позираше со неа и ја истакна потребата од редовен тренин. Тој девет недели работеше со минувачи учесници во неговиот „Челинџ“ (предизвик) во кој очигледно учествувала и мајката на неговите деца. Фановите затоа го задеваа: „Брзо се врати кај сопругата. Дома сепак е најдобро, а?“

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



На почеток
error: